• Горан Упале
Екипата на Пари Сен Жермен впиша рутинска победа во домашниот шампионат. Во дербито на колото во Лига 1, шампионот со сигурни 5-2 го совлада големиот ривал Монако и така одново му побегна на четири бода на второпласираната Ница.
- Извештај од натпреварот:
На „Паркот на Принцовите“ вечерва блеснаа летните засилувања во нападот Гонзало Рамос и Осман Дембеле, а во листата на стрелците се запишаа уште Мбапе и Витиња. Но, овој натпревар ќе биде одбележан и по големата грешка на Донарума во 22. минута, кога му подари гол на Минамино.
Резултатот го отвори Португалецот Гонзало Рамос во 18. минута, а откако поранешниот напаѓач на Ливерпул израмни на 1-1, Килијан Мбапе во финишот од првиот дел ја врати позитивата на својот тим. На полувреме се замина со предност на „светците“ од 2-1, а по мирниот старт на вториот дел, во 70. минута Дембеле го постигна деби голот во дресот на ПСЖ. Веднаш потоа Витиња постигна вистински гол-убавец за убедливи 4-1 за својот тим. Балогун за момент донесе надеж за Монако и намали на 4-2, но Коло Муани стави точка на победата и стрелаше за конечни 5-2.
Во следното коло ПСЖ гостува кај Авр, а Монако на свој терен ќе го пречека тимот на Монпелје.