ВИДЕО: Велемајстории на Мирчевски во Србија, гол со пета и уште два против Колубара!

Македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски имаше фантастичен натпревар во српскиот шампионат и со три гола му донесе на својот тим, Бачка Топола, сигурна победа над тимот на Колубара (3-1).

Поранешниот ас на Пелистер, Победа, Академија Пандев и Вардар одново ги покажа своите голгетерски способности, а особено атрактивен беше неговиот прв погодок, кога со мајсторска пета погоди за израмнување на 1-1. Потоа стрелаше со волеј и по одлична реакција во казнениот простор на противникот.

  • Головите на Мирчевски против Колубара:

За Мирчевски ова беа први голови по осум кола во новата сезона на српскиот шампионат.