• Саше Љолес
Манчестер Јунајтед им приреди ново непријатно изненадување на своите навивачи, откако вечерва загуби од Брајтон со конечни 1-2 (0-1) во натпреварот од 1/32 финалето на ФА Купот.
- Извештај од натпреварот:
Домашниот тим подобро го започна мечот и создаде две брзи шанси, но Брајтон донесе „студен туш“ на трибините на „Олд Трафорд', кога Германецот Брајан Груда го отвори резултатот во дванаесеттата минута. Се обидоа „ѓаволите“ да возвратат, не беа воопшто за потценување во следниот период, но на паузата остана минималната предност за гостите.
Брајтон делуваше мотивирано и во второто полувреме, имаше уште 2-3 солидни прилики, а најзрелата ја искористи Дани Велбек, кој погоди за 0-2 во 64. минута. Времето полека изминуваше и делуваше дека гостите ќе дојдат до прилично лесен триумф, но Јунајтед успеа да возврати со голот на Бенџамин Шешко во 85. минута.
Завршниот период донесе пеколен притисок на домаќините, но не успеаја да стигнат до израмнување и на крајот мораа да се помират со пораз пред своите гледачи. Брајтон патува во следната рунда и ќе го очекува својот ривал во ждрепката за 1/6 финалето од најмасовното англиско натпреварување.









