ВИДЕО: Велазерими и Лабуништа ги шокираа новајлииите во ВМФЛ

Повратникот во второлигашкото друштво, екипата на Охрид на Драган Бочески загуби пред своите гледачи од Велазерими со 1-2 (1-1) во натпреварот во кој неискусно тргна по трите бода и на крај остана без ниту еден. 

Кичевчани поведоа уште во седмата минута со голот од волеј на Албулен Имери во седмата минута. Но, нивната радост брзо ја смири Ромео Кочески по голема мешаница со гол во 15. минута. Следеше долг празен период во кој зрели шанси скоро и да немаше.

Ритамот драстично падна во вториот дел, а во 89. минута Мирлинд Ибраими најдобро се снајде по еден корнер и со глава го матира домашниот голман за големи три бода за Велазерими. 

Гостинска победа запиша и Лабуништа на теренот на засилениот новајлија Кадино со 1-2.

Кораби и Скопје играа 2-2, а сензација приреди Дрита од Боговиње со победата од 3-4 на гостувањето во Гостивар.