„Веќе пет-шест години сме во врвот, време е за една голема турнирска победа“

Селекторот на Англија Герет Саутгејт e на удар на критики од јавноста за неубедливите пријателски натпревари и во мартовскиот „прозорец“ на ФИФА и на последниот дуел со Исланд во петокот. 

Саутгејт сепак со оптимизам зборуваше за шансите на неговиот тим во Германија.

„Веќе пет или шест години покажуваме стабилна игра. Мислам дека во последните пет години бевме во првите пет во светот. Имаме искуство од големи натпревари и тоа многу ни помага.

Нашите играчи стекнаа искуство за победување на клупско ниво, па ние сме еден од оние тимови кои искрено веруваат дека можат да победат секого. Многу често тимовите уверуваат дека ќе победат, но тоа не го поткрепуваат со ништо. Нашите зборови се потврдени со дела, бевме на еден чекор од титулата европски првак, па знаеме дека се е можно. Ова е еден вид психолошки пробив. Сега треба да одиме чекор напред“, изјави Саутгејт.

Селекцијата на Англија пред три години стигна до финалето на турнирот на кој играше на домашен тереен, но загуби од селекцијата на Италија на пенали.