Веќе нема дилема, Зидан го доби посакуваното засилување

Ајакс

Најновата насловна страница на шпанска „Марка“ открива дека Реал Мадрид ги договорил сите услови за младиот Дони ван дер Бек да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Доколку оваа најава е вистина, Зинедин Зидан ќе добие играч за врска по свој вкус. За него мадриѓани ќе платат 55 милиони евра и ќе го имаат на располагање од наредниот јуни.

Соработката наводно е склучена уште минатото лето, а ќе биде официјализирана пред наредната сезона. Шпанскиот гигант прифатил талентираниот Холанѓанец да помине уште една сезона во Ајакс.

Ова би можело да значи дека Лука Модриќ сигурно ќе си замине од Реал ова лето. Големата конкуренција млади фудбалери ќе биде пресудна Хрватот да ја заврши кариерата во редовите на „кралевите“.

Ван дер Бек има 22 години и потекнува од школата на „копјаниците“. Одличните игри во минатата сезона беа причина да го привлече вниманието на раководството на тимот од шпанската престолнина.