Вејн Руни ќе го гаси пожарот, стана прв тренер во Дерби

Англиската фудвбалска легенда Вејн Руни ќе има нова улога во кариерата, откако на играчите им соопштил дека во иднина ќе биде прв тренер на Дерби Каунти.

Руни имал состанок со играчите на кој се разговарало за конфузијата во тимот. Англиската легенда потоа го водел тренингот, а во иднина ќе остане како прв тренер на екипата и нема да игра фудбал, секако, ако управата потврди такво нешто.

На тренерското столче Руни го нааследува Коку, кој тимот на Дерби го презеде во летото 2019 година кога Френк Лампард замина во Челзи, но оваа сезона тимот бележи лоши резултати.

Дерби е последен во Чемпионшип лигата со шест бода на 13 средби.