„Вечното дерби“ во Србија овојпат само за престиж и голови

Се игра за престиж и ништо повеќе. Дуелите меѓу Црвена звезда и Партизан секогаш привлекуваат внимание, но во пресрет на 176. вечно дерби се е јасно. Избраниците на Владан Милојевиќ со победата над ОФК Београд ја обезбедија осмата последователна шампионска титула на Србија, а Партизан речиси сигурно е втор. Ако ништо друго, постојат сите предуслови екипите да го одиграат мечот (сабота 16:00 часот) без тактички ограничувања и да ѝ дадат спектакл на публиката.Впрочем, најголемиот српски натпревар во последно време е полн со возбудувања и голови. Тоа го поткрепува и информацијата дека последните пет вечни дербија секогаш имале 3+ гола. И само еднаш не видовме ГГ.

Двата тима ќе имаат некои лични мотиви. Црвена звезда, несомнено ќе се обиде да ја одбрани Маракана од големиот фаворит. Последен пат црвено-белите беа поразени како домаќини во Моцарт Бет Супер Лигата во април 2017 година против Партизан. Исто така, Црвена звезда ќе се обиде да го задржи трендот на добри резултати против своите соседи. Клубот од Маракана има само еднаш пораз во претходните 14 дербија во првенството и тоа под водство на израелскиот стручњак Барак Бахар.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Црвена Звезда и Партизан

Од друга страна, Партизан направи мало изненадување во март. Црно-белите одиграа храбро против Црвена Звезда (3-3) и со реми покажаа дека можат да се пресметаат со поквалитетен ривал и покрај џиновската разлика во буџетот. Добриот резултат на Маракана секако би им ги залечил отворените рани на избраниците на Срѓан Благојевиќ кои беа елиминирани од ТСЦ во четвртфиналето на Купот, па ни годинава нема да го освојат трофејот. Гледајќи ги најновите достигнувања, ќе видиме два различни концепти. Црвена звезда повеќе игра на гол. На претходните четири натпревари таа постигна 15 гола, но прими осум. Од друга страна, Партизан на претходните четири натпревари има постигнато само три гола.

Извесно е дека црно-белите повторно ќе играат во низок блок и ќе се обидат да ја казнат од контранапади ранливата одбрана на Владан Милојевиќ. И двајцата тренери имаат големи проблеми со повредени играчи. Речиси е сигурно дека за Црвена звезда нема да играат капитенот Мирко Иваниќ и дефанзивецот Андреј Ѓуриќ. Од друга страна, Партизан скапо ја плати победата во Крагуевац. Еден од најдобрите играчи на тимот Ибрахим Зубаир е тешко повреден. Неизвесен е и средниот бек Стефан Ковач. Тоа ќе биде игра со неколку изнудени одлуки на двете страни. Дополнително, се очекува присуство на голем број млади играчи. Црвена звезда е огромен фаворит и кецот е прва опција, иако ГГ е сигурен облог. Веројатно ќе дојде и со 3+.