• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Црвена Звезда славеа со 2-1 против Партизан во 180. вечно дерби, одиграно вечерва на стадионот „Рајко Митиќ“ во рамките на осмото коло од српската Суперлига. Со новата победа, „црвено-белите“ ја продолжија максималната серија во домашното првенство и се зацврстија на лидерската позиција со 18 бодови од шест натпревари. Од друга страна, Партизан остана на 12. место со само седум освоени бодови и го запиша четвртиот пораз сезонава.
Воедно, Звезда ја продолжи доминацијата во најголемиот српски фудбалски дуел, забележувајќи ја петтата последователна победа над својот вечен ривал. Големо внимание привлече новото засилување Бамба Диенг, кој на дебито во дресот на белградскиот гигант веднаш се запиша меѓу стрелците. Сенегалскиот напаѓач покажа квалитет не само со погодокот, туку и со своето движење, учество во играта и одличната соработка со капитенот Мирко Иваниќ.
Одличен настап имаше и младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров, кој го одигра својот прв сениорски дерби натпревар. Талентираниот играч остави силен впечаток со зрелата игра, енергијата и сигурноста на теренот, потврдувајќи дека тренерот со право му укажал доверба во еден од најважните натпревари во сезоната и успеа да изнуди пенал за победа.
- Извештај од натпреварот:
Што се однесува до стрелците, Јех од Партизан го даде најбрзиот гол во историјата на „вечните дербија“ за 0-1, додека за Црвена Звезда израмни Диенг, а потоа реализира и Иваниќ од пеналот кој го изнуди Гаштаров за пресврт. Сите три гола паднаа во првото полувреме.

