ВИДЕО: „Вечното“ дерби без победник, Партизан и Ц. Звезда одиграа реми

Фудбалерите на Партизан и Црвена Звезда одиграа нерешени 1-1 (0-1) во првото сезонско дерби во српската Суперлига. Резултатот кој фигурираше на крајот беше реален исход за случувањата на теренот на „Стадионот на Партизан“ во Белград. Гостинската екипа успеа да поведе во првиот дел преку Букари, а Натхо погоди за израмнување во продолжението. 

  • Извештај од натпреварот: 

Црвена Звезда отвори подобро, беше посигурна и поопасна. Првите закани по домашниот гол беа дело на Страхиња Ераковиќ и Александар Катаи, но нивните удари не завршија во мрежата. Црвена Звезда поведе по 26 минути игра, во една, на прв поглед не многу опасна ситуација. Топката по една мешаница се одби до Осман Букари, а овој со ефектен волеј ја испрати во голот за 0-1. 

Во првото полувреме Партизан имаше неколку шанси, но само откако прими гол. Со благ удар се закани Диабате, потоа Мениг промаши цела топка од изгледна позиција, за Марковиќ од прекин да ги тестира рефлексите на Милан Борјан. Сепак, мрежата на шампионот мируваше на паузата. 

Вториот дел тргна според планот за Партизан, бидејќи бргу доби пенал. Катаи беше невнимателен, удри противник, а по повикот од ВАР собата, судијата Митиќ покажа на белата точка. Сигурен од единаесет метри беше Израелецот Натхо, кој со полувисок удар со многу сила го израмни резултатот во 56. минута (1-1). До крајот Партизан беше поблиску и до победата, меѓутоа Рикардо Гомез не искористи колосална шанса, по грешката на гостинската одбрана. 

Црвена Звезда и натаму е лидер на првенството со шест победи и реми, додека Партизан има по три победи, едно реми и еден пораз и седум бода заостанување.