„Вечно дерби“ за поправање на впечатокот

Дерби за поправање на впечатокот. Двата тима се незадоволни од случувањата во изминатите седмици и првата овосезонска пресметка во рамки на Mozzart Bet Суперлигата ја гледаат како прилика да се поправат. Партизан да го поправи впечатокот по лошата игра на Малта и во Крагујевац, додека Звезда да го поправи статусот во очите на навивачите по елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите. 

Првакот на Србија доаѓа во Хумска во подобро расположение затоа што има седум бода повеќе и со евентуална победа во среда (20:00 часот) ќе стекне двоцифрена предност во однос на главниот конкурент, што во услови на српскиот фудбал е практично недостижно. Во тој случај трката за титула би била скоро решена во последниот ден на август и тоа е голем мотив кој ќе го имаат црвено-белите затоа што ќе ги израдуваат „делиите“ и ќе стекнат самдодоверба пред групната фаза во Лига Европа.

Сите квоти во МОZZART за натпреварот Партизан - Црвена Звезда

Најголема енигма во гостинскиот тим е промената која ја донесе тренерот Милош Милојевиќ. Минатата сабота тој беше промовиран, на мечот со Јавор одмори некои од носителите на играта (Александар Катаи и Немања Милутиновиќ влегоа во вториот дел), Мирко Иваниќ и Александар Пешиќ не беа ниту во протоколот, па поради близината на дербито не се знае со сигурност колку и ќе играат. Звезда и по заминувањето на Станковиќ продолжи да покажува ефикасни партии и со силен напад доаѓа кај ривалот.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во MOZZART Суперлигата

И ако Звезда дома рутински ги добива натпреварите, Партизан се мачи. На последните две гостувања освои максимални шест бода, ама патеше. Во Нови Сад се тресеше до петтата минута од екстра-времето. Сепак, и покрај проблемите во Хумска се надеваат дека со триумф во најголемото српско дерби ќе ја поправат атмосферата и играта и ќе ја намалат предноста на Звезда на само четири бода.

Во таа мисија Петриќ ќе го користи новајлијата од Гиресунспор, Хамид Траоре, кој дебитира на последниот меч, но се очекува да го нема Натхо, што би значело промена на формацијата со три стопери и двајца бекови која беше промовирана во двомечот со Хамрун. Адут на Звезда е фактот дека тимот е во комотна позиција, додека Партизан добива самодоверба со фактот дека нема загубено од големиот ривал на свој терен од февруари 2016 година. Во меѓувреме четири меча се одиграа нерешено (ако се сметаат и оние во Купот). По правило на овој натпревар ќе има мал број на голови. Не повеќе од два.