• Саше Љолес

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги предаде на дополнителна постапка прволигашите Пелистер и Вардар, поради низа нерегуларности и пропусти за време на вечното дерби одиграно во Битола (1-2).
Против ФК Пелистер се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот против Вардар, односно поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група.
Против ФК Вардар се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група „Комити“ и поради направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“.
Од управата на битолскиот прволигаш веќе се огласија по повод вандализирањето на столчињата на стадионот и најавија привремен прекин на било каква комуникација со вечниот ривал. Конечната одлука за дисциплинските постапки против Пелистер и Вардар ќе биде позната во следните денови.
Сите останати постапки на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) можете да ги погледнете на ОВОЈ линк.


