• Саше Љолес
Италијанскиот репрезентативец Давиде Фратези е на чекор до заминување од Интер, откако двете страни се подготвени да ја завршат соработката во текот на летниот преоден рок.
Фратези не успеа да се избори за константна минутажа во стартниот состав на „нероаѕурите“, и покрај тоа што во изминатите сезони покажа дека може да биде важен адут во средниот ред. Токму поради тоа, играчот е заинтересиран за нова средина каде што ќе има поголема улога и повеќе простор за напредок.
За неговите услуги веќе интерес покажале неколку клубови од Серија А, но и екипи од другите европски шампионати. Раководството на Интер е подготвено да ги разгледа понудите што ќе пристигнат во наредниот период.
Се очекува иднината на Фратези да биде решена во следните недели, а неговото заминување би можело да биде една од позначајните трансферни приказни во италијанскиот фудбал ова лето.

