Вечерно лудило во Истанбул: Фановите лудо го дочекаа Осимен (ВИДЕО)

Виктор Осимен ќе го предводи нападот на Галатасарај и во новата сезона, а тоа предизвика еуфорија кај навивачите на клубот од Истанбул. Турскиот клуб успеа да го откупи договорот на Нигериецот од Наполи за 75 милиони евра, што го прави најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал.

Доаѓањето на Осимен во Истанбул беше проследено со вистинска лудница меѓу најжестоките навивачи. На аеродромот го пречекаа околу 20.000 навивачи, а таму го дочека потпретседателот Абдулах Кавукџу.

Напаѓачот кој минатата сезона постигна 37 голови на 41 натпревар ќе заработува 18 милиони евра по сезона, плус потенцијални дополнителни 10 милиони од спонзорски договори и реклами.

Со вакво засилување, Галатасарај јасно ги покажува своите амбиции за доминација и во домашното првенство и во Европа.