„Ве молам сите да му се поклониме на овој човек – Аријан Адеми“

Загреб е на нозе, Динамо синоќа одигра спектакуларен натпревар во Будимпешта и со убедливи 0-4 го совлада Ференцварош и обезбеди плеј-оф на Лигата на шампионите. 

Прва ѕвезда на „модрите“ на овој меч беше нашиот репрезентативец Аријан Адеми. Искусниот играч за врска со фантастичен гол го отвори резултатот, подели и една асистенција, а по неговото излегување во 69. минута доби пофални зборови од коментаторот на Арена, Ивица Блажичко.

„Драги гледачи, знам дека коментаторите не се тие што треба да даваат оценки, но ве молам станете и дајте му аплауз на овој човек. Одигра за чиста десетка и заслужи да му се поклониме“, рече Блажичко.

Во последниот квалификациски филтер за Лигата на шампионите, Динамо Загреб ќе се сретне со тимот на Розенборг