Влезе од клупата против Арсенал, а ден подоцна играше за У23 екипата на Лидс

Родриго

Марсело Биелса важи за тренер кој секогаш прави непредвидливи нешта. Последната постапка на Аргентинецот ја изненади фудбалската јавност во Англија.

Големото летно засилување Родриго Морено беше преместен во У23 екипата која денес играше со врсниците на Вест Бромвич Албион. Оваа одлука на првиот тренер на Лидс е поради недостатокот на минутажа на шпанскиот репрезентативец во првата екипа.

Повредата и ковид-19 се причините поради малиот број одиграни минути на Родриго. Засега тој има одиграно само 340 минути во дресот на новиот клуб.

Ова не е нова појава во англискиот фудбал, каде прволигашите често знаат да ги испратат своите ѕвезди на вакви натпревари за да ја вратат својата физичка форма.