„Вчера се шетав со кравите во моето село, а денес ги тренирам најдобрите фудбалери на светот“

По синоќешната официјализација и утринскиот тренинг, дојде редот Кике Сетиен да биде претставен како нов тренер на Барселона

<<< ПОВРЗАНО -Сетиен веднаш се фати за работа, Гранада е првиот предизвик за новата Барса

61-годишниот стручњак видно возбуден зборуваше пред новинарите. Тој вели дека ниту во најубавите соништа не можел да замисли дека еден ден ќе застана на чело на Барселона.

„Сакам да им се заблагодарам на челните лица на Барселона за можноста која ми ја пружија. Ниту во моите најубави сонови не можев да замислам дека еден ден ќе бидам тука. Ова е емотивен момент за мене.

Вчера се шетав со кравите во моето село, а денес во Барселона ги трениран најдобрите фудбалери на светот. Сигурен сум дека Валверде одлично работеше со екипата, можеби поразот во Суперкупот остави трага, но верувам дека за краток период работите ќе се вратат на нормала“, рече искусниот стратег. 

<<< ПОВРЗАНО - Барса го договори Сетиен на две и пол години, но во јуни може да го „шутне“ без обештетување

Сетиен на клупата на Барселона седнува откако клубот синоќа му врачи отказно решение на Валверде, а своето деби во новиот клуб ќе го има викендов кога на „Камп Ноу“ ќе гостува Гранада.