• Иван Димовски
Хоророт на голманот на Брегот на Слоновата Коска, Бадри Али Сангаре продолжува. Откако вчера стана трагичар откако испушти топка од раце и во 93. минута ѝ подари бод на Сиера Леоне, денес доби неспоредливо потрагични вести.
Сангаре утрово прими ужасни вести дека починал неговиот татко. Наместо на тренинг и продолжение на турнирот, веројатно Сангаре ќе добие поштеда и ќе замине од репрезентативниот табор. Информацијата за смртта на неговиот татко ја потврдија и преку официјалниот профил на Африканскиот куп на нации, изразувајќи му сочувство на Сангаре.
Our hearts go out to #TeamCotedIvoire goalkeeper Badra Ali Sangaré who lost his father earlier today.
Stay strong. pic.twitter.com/yYSrWkERnz
— #TotalEnergiesAFCON2021 (@CAF_Online) January 17, 2022
Згора на сè, постои шанса Сангаре да има заработено и повреда на вчерашната средба. Голманот на Брегот на Слоновата Коска падна незгодно врз своите дланки, па поради тоа беше изнесен на носилки. Во завршната минута во дуелот со Сиера Леоне меѓу стативите застана бекот Серж Орие, па постои шанса Сангаре да има и повреда.