• Саше Љолес

Фудбалерите на Лил славеа многу важна победа на денешното гостување против екипата на Тулуз (0-2). Овој триумф го искачува Лил поблизу до местата кои водат во евро-куповите догодина. Долго време немаше погодоци на „Стад Мунисипал“, меѓутоа во финишот гостите постигнаа два за трите бода.
Во првиот дел немаше преголеми возбудувања на двете страни, се играше доста тврд натпревар без премногу шанси. Лил беше за нијанса поконкретен, но без посериозна закана за домашниот гол.
Во второто полувреме гостите одново имаа малку поголема иницијатива, но и Тулуз имаше три шутеви кон голот на голманот Шевалие. Резултатот конечно беше отворен во 86. минута, Бразилецот Александро го доведе Лил во водство. Кога сите го чекаа крајот на пресметката, Лил дојде до втор погодок и тоа во 101. минута преку Мохамед Бајо, кој го постави конечниот резултат (0-2).
Екипата на Тулуз сега е на единаесеттото место во Лига 1 со 35 освоени бодови, додека Лил со денешната победа е на петтото место со 49 бодови и има само два бода помалку од четвртопласираниот Монако.