• Саше Љолес
Медиумите кај северниот сосед објавија дека прволигашот ТСЦ Бачка Топола го договорил трансферот на поранешниот играч на Баерн Минхен, Сарпрет Синг, репрезентативец на Нов Зеланд.
Синг може да настапува како крило и офанзивен играч за врска, а во неговото портфолио најзвучен клуб е секако германскиот гигант, Баерн. За баварскиот клуб има впишано два официјални настапи во вкупно четири години (три сезони во вториот тим).
Откако замина од Минхен, потпиша за Ханза Рошток, а во меѓувреме замина на три позајмици (една во Нирнберг и две во Регензбург). Минатата сезона беше дел од португалската Леирија, каде на вкупно 19 натпревари забележа учинок од четири голови и две асистенции.
Досега осумнаесет пати настапи за својот Нов Зеланд и најверојатно ќе биде дел од составот за Светското првенство во Соединетите Американски Држави.
ФОТО/PHOTO: FCBayern.com


