Важен потпис за Ливерпул, Собослаи уште долго меѓу „црвените“!

Англискиот фудбалски великан, Ливерпул, објави дека ја продолжи соработката со Доминик Собослаи, кој потпиша нов повeќегодишен договор со „црвените“. 

Управата ја објави веста на официјалниот веб-сајт, истакнувајќи дека соработката била потпишана на обострано задоволство. 

„Ова е можеби најважниот ден во мојата кариера. Радосен сум што продолжувам со Ливерпул и ветувам дека секогаш ќе го давам најдоброто од себе. Би сакал да верувам дека повторно ќе се бориме за сите трофеи, имаме одличен колектив, зрел за најголемите успеси“, изјави Собослаи. 

Собослаи досега одигра 147 натпревари за Ливерпул во сите конкуренции, постигнувајќи вкупно 28 голови. Во дресот на „црвените“, освои титула во Премиер лигата и трофеј во Лига купот, а минатата сезона беше меѓу лидерите на тимот, бележејќи 13 гола и 12 асистенции.