Важен играч на Астон Вила во „аут“ до крајот на сезоната!

Фудбалерот на Астон Вила, Бубакар Камара, ќе биде отсутен до крајот на сезоната поради потешка повреда на коленото, јави англискиот премиерлигаш. 

Повредата ја доживеа на натпреварот од третото коло на ФА Купот, кога Астон Вила играше против Тотенхем и загуби со 1-2. По дополнителните прегледи, беа потврдени црните прогнози дека Камара ќе мора да биде надвор од терените до завршетокот на сезоната.

Французинот оваа сезона настапи на 26 натпревари за клубот од Бирмингем и беше меѓу главните играчи во ротацијата на Унаи Емери. Забележа учинок од еден гол и четири асистенции. Во Астон Вила пристигна во 2022 година од Олимпик Марсеј.