• Горан Упале

Македонскиот фудбалски стратег, Александар Васоски, не ги бележи посакуваните резултати во новиот клуб. Сараево е во серија од три порази, а подолнителен проблем за Васоски е неодамнешната караница со капитенот Крсте Велковски, кој по истата е отстранет од тимот.
На прес-конференцијата во четвртокот, македонскиот тренер зборуваше на оваа тема и напомена дека Велкоски е само суспендиран од тимот, а не е исфрлен од клубот.
„Цела недела зборувавме за дисциплина. Крсте згреши, го отстранив од тимот поради неговото однесување, но не е исфрлен од клубот. Прво му честитав кога влезе во првите десет најдобри стрелци, но правилата се исти за сите. Тој е отстранет од тимот до понатамошно известување, но не е исфрлен од клубот. Мислам дека наскоро ќе биде повторно со нас“, рече Васоски.
Васоски се соочува со проблеми и со вториот Македонец во редовите на Сараево, Даниел Аврамовски кој поради повреда најверојатно нема да настапи против Радник.