Васоски станува селектор, ќе го преземе кормилото на Македонија У21?

Кратко траеше авантурата на Александар Васоски на клупата на Сараево. Младиот македонски стратег нема по добро да ја памети првиот интернационален предизвик во тренерската кариера, затоа што од Сараево си замина по само неколку месеци.

Лошите резултати во последниот период беа главната причина за раскинот на Тетовче со поранешниот босански шампион, но се чини дека Васоски нема уште долго да биде без ангажман. Во интервју за „Reprezentacija.ba“ меѓу другото проговори за својата иднина. Вели дека преговара со два клуба, од кои еден од ПМФЛ, но постои можност и да биде нов селектор на У21 репрезентацијата на Македонија.

„Преговарам со два клуба, едниот е од Македонија и е моќен, а другиот е од странство. Постои и опција за преземање на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Деновиве ќе донесам конечна одлука“, рече Васоски.

Пред да се пресели во Сараево, 42-годишниот Васоски беше на чело на Вардар и Академија Пандев.