Васоски: Спречете ја оваа судиска лакрдија, потребен е ВАР што поскоро!

Вардар беше поразен во дербито на колото на ПМФЛ од Шкендија на арената „Тодор Проески“ со огромни 1-5, сепак, по натпреварот, наместо мислите да бидат насочени кон наредното коло, од таборот на Вардар се бесни за арбитражата на вчерашната пресметка.

Предводникот Александар Васоски веќе во повеќе наврати го искажа своето незадоволство од судењето, а тоа повторно го направи и со објава на својот Фејсбук профил каде го повика првиот човек на судиската организација, Емил Божиновски да реагира.

„Го повикувам господинот Емил Божиновски со време да го спречи овој циркус. Полошо судење немало во Првата лига во целото постоење, ниту пак ќе има во иднина. Има две работи од кои едната мора да е вистинита: или судиите немаат поима од судење или се корумпирани. Што поскоро е потребен ВАР и дебатни емисии со судски експерти, со име и презиме да се посочат виновниците, а дотогаш ќе бидеме сведоци на вакви лакрдии“, напиша Васоски. 

 <<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Судиските одлуки кои го налутија Вардар на дербито со Шкендија