Васоски: Скопските пресметки меѓу Вардар и Шкупи секогаш се интересни!

Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар се комплетира по репрезентативната пауза, а прв ривал за „црвено-црните“ ќе биде незгодниот Шкупи.

Чаирчани направија тренерска смена по стартот на сезоната, имаат само два освоени бода, но тренерот на Вардар, Александар Васоски смета дека не смее тимот да се залажува со бодовното конто на противникот и дека вицепрвакот го чека еден незгоден натпреевар.

„За Шкупи се подготвуваме како и за секој можен натпревар. Не треба да се залажуваме затоа што Шкупи има само два бода, затоа што се работи за една сериозна и амбициозна екипа која склопи добар тим. Нормално, целта на Вардар е да победиме, како и на сите останати натпревари. Секогаш биле интересни и убави овие скопски пресметки, се надевам дека ќе имаме еден интересен натпревар и сите што ќе дојдат на трибините ќе може да уживаат“, изјави Васоски.

Вардар тренира во полн ритам, сите фудбалери се на располагање, а натпреварот меѓу двата скопски тима ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, в недела од 15:30 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 5 4 0 1 8:2 6 12
2 ШкендијаШкендија 1 5 3 2 0 14:6 8 11
3 ВардарВардар 1 5 3 2 0 7:4 3 11
4 РаботничкиРаботнички 3 5 3 0 2 10:11 -1 9
5 ПобедаПобеда 1 5 2 2 1 2:2 0 8
6 СилексСилекс 1 5 1 2 2 3:6 -3 5
7 РеноваРенова 5 1 1 3 5:7 -2 4
8 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 5 0 3 2 2:4 -2 3
9 ШкупиШкупи 1 5 0 2 3 3:6 -3 2
10 БеласицаБеласица 5 0 2 3 2:8 -6 2