Васоски си замина, Велкоски вратен во првиот тим на Сараево

Босански Сараево доби нов тренер по заминувањето на Александар Васоски, а тој го повлече првиот потег како предводник на „бордо-тимот“.

Џенан Ушчуплиќ ќе го води босанскиот премиерлигаш до крајот на сезоната, а новитет е што Крсте Велкоски повторно е во екипата. Македонскиот фудбалер беше отстранет поради кавга со Васоски и недисциплина, но откако тренерот си замина, тој пак е меѓу играчите.

Велкоски оваа сезона забележа 24 настапи во сите натпреварувања за Сараево, а ја има и улогата на капитен. Единствениот гол му е во Купот на БиХ против Игман. Токму во ова натпреварување Сараево го чека финале и меч за титула.