Васоски: Шансите се 50/50, ќе мораме добро да го скаутираме Дечиќ

Тренерот на Силекс, Александар Васоски, за Gol.mk изјави дека добиле противник кој би можел да биде минат во првата квалификациска рунда од Конференциската лига, но потенцира дека мора да се изврши добар скаутинг и проценка на ривалот. 

Силекс ќе го одигра првиот натпревар против црногорскиот Дечиќ на гостински терен, а Васоски смета дека шансите за прогрес во следното коло се поделени. 

„Мислам дека ако сакавме противник по мерка, Дечиќ сигурно ќе беше еден од нив. Знаете дека балканските екипи се секогаш една голема непознаница, ќе мора да направиме добар скаутинг и подготовка. Да видиме кои играчи заминале, а кои дошле. 

Дечиќ е сигурно сериозен колектив штом успеал да триумфира во Купот на Црна Гора. Мислам дека шансите на двата клуба се 50/50, но ние ќе дадеме максимум од нашите можности за прогрес понатаму“, изјави предводникот на кратовчани. 

Силекс ќе се соочи со црногорскиот Дечиќ на 10 јули, а реваншот ќе се одигра една недела подоцна.