• Горан Упале

Македонскиот стратег, Александар Васоски на клупата на Сараево дебитираше со победа над Леотар, во рамки од првото пролетно коло во босанскиот шампионат, додека во следното коло го чека вистински предизвик и меч со лутиот градски ривал Жељезничар.
Големото дерби се игра стадионот „Грбавица“, а многу веројатно Васоски и на овој натпревар нема да може да смета на услугите на зимското засилување Даниел Аврамовски. Според „SportSport.ba“ сè уште ја нема комплетирано потребната документација како дозвола за престој и работа во БиХ, а неговиот настап е под знак прашалник.
Аврамовски нема да настапи ниту против Слобода, во Куп натпреварот кој Сараево го игра в среда.
Повремениот македонски репрезентативец по кратката авантура во Турција, каде што го носеше дресот на Кајзери, зимава се реши одново да соработува со Васоски и ја прифати понудата на еден од најдобрите босански клубови.