• Горан Упале

Македонскиот тренер Александар Васоски и официјално беше претставен за нов предводник на Сараево.
Сега веќе поранешниот стратег на Академија Пандев на прес-конференцијата истакна дека е горд што ќе биде на чело на овој клуб и најави отворен и атрактивен фудбал во периодот кој следува.
„За мене е чест и задоволство да бидам препознаен како дел од голем клуб како Сараево. Задоволство е, но и голема обврска, но можам да ја носам на мои плеќи. Првата цел оваа сезона е клубот да обезбеди излез во Европа и да го освои Купот, а долгорочно да етаблираме млади играчи во првиот тим и зошто не и во репрезентацијата на БиХ. Овој проект заедно ќе го туркаме напред.
Сакам да играме атрактивно и поофанзивно, но со тоа да има смисла и резултатот. Свесен сум за притисокот бидејќи работев во таков клуб. Ова не ми е туѓо и сакам да работам во клубови кои го извлекуваат максимумот од мене“, рече Васоски на на прес-конференцијата.
43-годишниот стратег денес од 13:00 часот ќе го има првиот тренинг со новите фудбалери. Сараево до 19 јануари ќе се подготвува во својот дом, а потоа патува за Анталија, каде ќе одигра неколку пријателски средби.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк