Васоски: Ретко кој може да победи на овој терен, среќен сум за момците

Александар Васоски, тренерот на Вардар, даде коментар по големата победа кај Борец (0-2) во Велес и истакна дека овој триумф е значаен затоа што е извојуван на тежок терен за игра, со вештачка трева.

„И двата тима тргнавме со отворен гард, се играше интересен натпревар. Двете екипи имаа свои шанси, а ние почнавме лошо полувреме поради чудниот терен за нас. Ние трениравме колку што можевме на вештачка трева, но се работи за една поинаква подлога. Не можевме да се најдеме, а второ беше многу подобро од првото полувреме. Имавме шанси, си ги искористивме, тие ги промашија, ама таков е фудбалот. Во прво игравме беше тешко, беше доста незгодно да се изнесе топката надвор поради силен ветер, но во второто полувреме бевме на спротивната страна и беше подобро. Задоволен сум, ретко кој може да победи на овој терен. ова е голема победа за нас. Среќен сум за момците“, ни изјави Васоски.

Вардар со овој триумф остана успешен во Велес и во сите пресметки во поновата историја е единствениот без неуспех на тешкото гостување.