• Горан Упале

Екипата на Академија Пандев попладнево и официјално започна со подготовките за пролетниот дел во ПМФЛ. Тренерот Александар Васоски на располагање ќе има 27 играчи, а кон тимот се приклученија и неколку фудбалери од младинскиот тим.
Новитет во стручниот штаб е Томе Пандев кој се враќа на позицијата тренер на голмани. Воведниот дел од подготовките ќе се одработат во Струмица, а потоа „пандевци“ ќе заминат на 11-дневни припреми во Анталија, Турција, каде се заминува на 21 јануари.
До заминувањето во Анталија, Академија Пандев договори една пријателски пресметка против Брегалница на 19 јануари.
Во Анталија, пак, ќе одигра четири контроли натпревари, против екипите на Марица Пловдив (Бугарија), Актобе (Казахстан), Зорја (Украина) и Кизилхар (Казахстан). По враќањето во Македонија ќе се одиграат уште два контролни натпревари против Детонит Плачковица и Беласица.