Васоски: Ова нека е шамар за во иднина, не смеевме да промашиме толку шанси

Македонскиот вицепрвак Вардар со изненадувачки пораз ја отвори сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) од Македонија Ѓорче Петров (0-2), а по натпреварот, тренерот Александар Васоски истакна дека не го разбира падот на неговите фудбалери во вториот дел.

„Временските услови беа исти за двете екипи. Јас сум задоволен од играта во првиот дел, но целосен распад доживеавме во продолжението. Не знам што се случи. Јас предупредив дека првите натпревари од сезоната се најтешки за играње. Ова нека биде еден шамар за во иднина, не можеме да направиме толку шанси, а да не постигнеме барем еден погодок. Знаеме дека проблемот е во реализацијата.

Ние додека имаме сили ќе се бориме за титула. Имаме многу млади фудбалери кои очекувам да покажат многу оваа сезона. Можеби искуството ќе фали, но ќе тераме до крај со овој проект со младите“, изјави Васоски.

Наредното коло од ПМФЛ се игра следниот викенд, а Вардар ќе гостува кај Борец кој по долги години се врати во елитата.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 6 4 2 0 7:1 6 14
2 ВардарВардар 1 6 4 1 1 8:3 5 13
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 6 3 2 1 10:6 4 11
4 ШкупиШкупи 6 2 2 2 7:7 0 8
5 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 6 2 2 2 6:8 -2 8
6 ШкендијаШкендија 2 6 2 1 3 6:4 2 7
7 РеноваРенова 2 6 2 1 3 5:8 -3 7
8 СилексСилекс 1 6 2 0 4 8:8 0 6
9 РаботничкиРаботнички 1 6 2 0 4 5:9 -4 6
10 БорецБорец 3 6 1 1 4 2:10 -8 4