Васоски: Огромно благодарам до Горан Пандев, клубот и Струмица ќе бидат во срцето

Александар Васоски по одличните резултати со Вардар и Академија Пандев се реши за прв предизвик како тренер на надвор од границите на Македонија. Младиот стратег се сели во босанскиот шампионат, каде ја доби довербата од челните лица на еден од најдобрите клубови во таа држата и ќе седне на чело на тимот на Сареаво.

Поранешниот македонски репрезентативец преку објава на социјалните мрежи потврди дека ги напушта редовите на Академија Пандев и им се заблагодари на управата на клубот и газдата Горан Пандев за соработката во изминатиов период.

„Огромна благодарност до фудбалерите, моите соработници и управата на Академија Пандев за прекрасната соработка во изминатата година. Огромна благодарност до нашата фудбалска легенда Горан Пандев кој ни овозможи одлични услови за работа. На Академија Пандев ѝ посакува да ги оствари сите цели оваа сезона.  Клубот и градот Струмица ќе бидат вечно во моето срце“, напиша поранешниот македонски дефанзивец.

42-годишниот тренер одлично работеше во Македонија. Со Вардар стана шампион и тоа со подмладен тим, па замина во Струмица, град во кој со Академија Пандев дојде до финалето од Купот на Македонија, а оваа година е на втората позиција на крајот од полусезоната.