Васоски: Одигравме „фајтерско“ дерби, ремито е реален исход

Александар Васоски повторно не беше на клупата на Вардар. Стратегот на „црвено-црните“ беше суспендиран и на натпреварот против Шкендија, а по ремито во Маџари (0-0), тој го коментираше текот на дуелот.

Васоски смета дека ремито е реален исход, во дуел кој бил одигран „фајтерски“ и од двете екипи. Како проблем уште еднаш се покажа реализацијата на Вардар, посебно во второто полувреме, кога беа пропуштени неколку колосални шанси за погодок.

„Одигравме едно фајтерско дерби, без оглед што заврши 0-0. Кој дојде да го гледа, виде добар меч. Ремито е некако најреално, зашто Шкендија имаше свои шанси, ние имавме во второто полувреме. Имавме повеќе шанси во вториот дел, можеби требаше да победиме, но кога нема да се искористат шансите, како и со Академија Пандев – нема победа. Јас им честитам на фудбалерите на двата тима за добриот фудбалски меч во дербито“, изјави Васоски.

Вардар го чекаат сега мечеви во кои треба да го завери настапот во квалификациите за Лига Европа, натпреварување пред кое се наоѓа многу блиску. Во наредното коло, вардарци ќе бидат домаќини на Ренова.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 29 20 6 3 63:21 42 66
2 ВардарВардар 29 15 9 5 32:17 15 54
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 28 14 5 9 32:23 9 47
4 ШкупиШкупи 2 29 11 6 12 30:29 1 39
5 РаботничкиРаботнички 1 29 11 6 12 36:40 -4 39
6 РеноваРенова 1 29 9 9 11 34:37 -3 36
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 29 8 11 10 35:41 -6 35
8 СилексСилекс 29 7 10 12 20:35 -15 31
9 БеласицаБеласица 29 6 9 14 25:39 -14 27
10 ПобедаПобеда 28 5 5 18 20:45 -25 20