Васоски: Ни дадоа гол по непостоечки корнер, а не добивме и чист пенал!

Александар Васоски, тренерот на Вардар, беше исклучен на полувремето од дуелот против Струга Трим Љум (2-1) поради негодување за арбитражата. Стратегот на „црвено-црните“ потенцира дека двата гола биле паднати од спорни моменти, но е дециден дека нема да дозволи ова да влијае на тимот на понатамошните предизвици.

„Сите ги видоа головите, вториот гол падна по момент по кој немаше корнер, затоа што топката веќе беше излезена, а исто така не добивме и чист пенал кога Цветановски излезе пред голманот кој потоа го фаулира, а судијата досуди офсајд, наместо казна и црвен картон. Не сум тој што ќе се вади на судењето, арно ама овие се тие драстични ситуации каде Вардар беше оштетен. Што се однесува до мечот и Струга и Вардар одиграа еден добар дуел, ние загубивме по 12 меча, ама нема да дозволиме ова да влијае психолошки за наредните мечеви“, ни изјави Васоски.

Вардар и по поразот од Струга останува лидер во ПМФЛ, а во наредната рунда игра градско дерби со Шкупи.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11