Васоски: Најголеми „виновници“ за есенската титула се играчите и „Комитите“!

Александар Васоски во оваа полусезона го извлече максимумот од овој состав на Вардар и успеа да го доведе до есенската титула. По победата кај Академија Пандев (0-3), стратегот на „црвено-црните“ им честита на сите, но вели дека мора да се остане на земја, затоа што следи дерби со Шкендија.

„Сакам од срце да ја честитам есенската титула на сите оние кои се дел од Вардар, почнувајќи од управата, стручниот штаб, нашиот сопственик и сите вработени во клубот. А, секако, најголемата честитка оди за играчите и за нашиот дванаесетти играч, „Комитите“. Ние се радуваме, ама не сме еуфорични затоа што в недела не чека дуел со Шкендија“, е ставот на Васоски.

Дуелот меѓу Вардар и Шкендија се игра на 8 септември, а со истиот ќе се спушти завесата на есенскиот дел на сезоната и ќе следи пауза и подготовки за пролетта.