• Горан Упале
Александар Васоски одново е во фокусот на босанската фудбалска јавност, но овој не поради Сараево, туку поради големата победа на Македонија во Палермо.
Поранешниот македонски репрезентативец беше гостин на „Ал Џазира Балкан“, во емисија во која даде анализа за одиграната партија против Италија и кажа дека оваа Македонија не е повеќе изненадување и знае како треба да одигра големи натпревари.
„Македонија не е повеќе изненадување, бидејќи претходно славеше и на гости кај Германија. Уживав гледајќи ги момците како 90 минути гинат за репрезентативниот дрес. Цел натпревар го одигравме квалитетно, не отстапивме од својата замисла и на крај дојте тој посакуван погодок.
Оваа генерација долго време е заедно. Прво како младинци играа на Европското првенство во Полска, а потоа се изборија за историско учество на Европско првенство минатата година. Тука се Барди, Елмас, Николов... така да успехот не е случаен. Оваа Македонија во континуитет игра добро долго време и веќе научи како треба да ги одигра одлучувачките натпревари“, рече тренерот на Сараево.
- Гостувањето на Васоски на „Ал Џазира Балкан“:
Македонија ја чека последната битка за виза за Катар, против моќната Португалија на „Драгао“ за три дена.