Васоски ја губи довербата кај навивачите: Свирежи и навреди по поразот од Тузла (ВИДЕО)

Фудбалерите на Сараево повторно разочараа, бидејќи на стадионот „Кошево“ загубија од Тузла Сити со 1-0.

Овој пораз ги загрижува сите кои навиваат за Сараево, бидејќи сега „бордо-тимот“ е сè подалеку од позициите кои водат кон Европа. По неочекуваниот пораз од Тузла, Васоски имаше жестоко „добредојде“ од најверните фанови на Сараево пред да помине низ тунелот.

Македонецот беше „почестен“ со громогласни свирежи, имаше и навреди, а тој одговори само со подигнување на раката.