Васоски го има „новиот“ Вардар, се чека уште на Коста Манев

Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар е на подготовки во Словенија каде работи за наредната сезона, а Александар Васоски, тренерот на „црвено-црните“, веќе го има изгледот на тимот на којшто ќе смета наредната сезона.

Вкупно 27 фудбалери се на списокот на „црвено-црните“ за подготовките во Словенија. Меѓу играчите од ланската сезона ги нема Хуан Фелипе, Вилијан Лира и Кларенс Битанг, кои дефинитивно си заминуваат.

Меѓу имињата има младинци, но „костурот“ на тимот којшто го понесе товарот во изминатата сезона е задржан. Тука се Гачевски, Жуниор, Новак, Брдаровски, Најдовски, Мицевски, Аврамовски..., па нема да се претрпат драстични промени. Се чека и на Коста Манев, кој според најавите останува во Вардар, но ќе се приклучи во Словенија наскоро.

  • ИГРАЧИТЕ НА ВАРДАР ВО СЛОВЕНИЈА

ГОЛМАНИ: Филип Гачевски, Филип Ивиќ, Матеј Андов

ОДБРАНА: Кристијан Тошевски, Владица Брдаровски, Стефан Наумчевски, Марио Младеновски, Евгениј Новак, Никола Серафимов, Жуниор, Коста Манев

СРЕДЕН РЕД: Али Адем, Филип Најдовски, Дарко Мицевски, Леонид Игњатов, Александар Ѓурковски, Бојан Димовски, Фитор Реџепи, Филип Манасиевски, Даниел Аврамовски

НАПАД: Џемо Ибиши, Азар Омерагиќ, Давид Велковски, Јован Попзлатанов, Бојан Колевски, Матеј Цветановски, Александар Трајчевски

Првиот пријателски натпревар во Рогашка Слатина ќе биде одигран в четврток, кога противник на екипата на Вардар ќе биде словенечкиот тим Дравиња кој доаѓа од Словенске Коњице.