• Горан Упале

Екипата на Сараево игра променливо на стартот од пролениот дел од сезоната. Четата на македонскиот стратег Александар Васоски на последните пет натпревари има само две победи, а во рамките од 25. коло пред себе го има тимот на Рудар кој е во голема криза.
Поранешниот предводник на Вардар и Академија Пандев е свесен дека Рудар Приједор е квалитетен тим и дека не треба да ги залажува тоа што е последен на табелата.
„Сараево е голем фаворит на овој натпревар, но мораме да почнеме без калкулации и уште од првата минута да пробаме да го скршиме нивниот одбранбен блок. Имаат добра транзиција. Мораме да ги гледаме нивните контра напади, Сантос и Амоа се ужасно брзи и од нив доаѓа најголемата опасност. Затоа мораме да балансираме со нападот и одбраната. Сараево е фаворит и ќе го добие натпреварот“, изјави Васоски.
По 24 одиграни кола Сараево е на четвртата позиција со 36 бода, дури 27 помалку од лидерот Зрињски.