Васоски ептен лут: Вардар по којзнае кој пат со Шкендија е оштетен!

Александар Васоски, стратегот на Вардар, по дуелот со Шкендија (1-5) беше револтиран на арбитражата и истакна дека неговиот тим по којзнае кој пат кога игра со тетовчани е драстично оштетен.

Вардаровата легенда потенцира дека имало два недосудени пенали, кога Кривак играше со рака во првиот дел во казнениот простор, а потоа кога Мирчевски беше срушен од истиот фудбалер при една контра, а исто така потенцира и дека еден гол на тетовчани е од офсајд.

„Кој знае кој пат со Шкендија, Вардар е драстично оштетен. Чист трет гол од офсајд, два пенали кои во Европа секаде се судат. Што треба да направиме ние за да имаме фер судење? Зошто не ни се судат пенали, зошто не се поништи тој нерегуларен гол? Како не направат таква неслучајна грешка кај нас? Чист гол со Пелистер ни крена офсајд, сега со Шкендија ни се случува ова. Не знам што треба Вардар да направи за да има коректно судење. Доста време молчевме“, ни изјави Васоски.

Вардар 13 натпревари по ред нема победа со Шкендија, а од петте победи на тетовчани, по три меча од нив се говори за судиите и за грешките.