Васоски доби суспензија, Вардар две кола без главниот тренер

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, нема да може да смета на првиот тренер Александар Васоски на наредните два меча поради суспензија.

Васоски на дуелот со Струга Трим Љум жестоко протестираше кон судиската тројка на чело со Мавров, затоа што неговиот тим беше оштетен. „Црвено-црните“ не добија пенал, Струга беше поштедена од црвен картон, а тоа беше капката што ја прели чашата.

Стратегот беше исклучен на полувремето, а поради суспензијата ќе ги пропушти натпреварите со Шкупи и Силекс.

Екипата во наредните два предизвика ќе ја води асистентот Раденко Бојовиќ.