• Саше Љолес
Новиот тренер на новиот прволигаш Вардар, Александар Васоски, зборуваше со медиумите на денешната прес-конференција и ги изнесе очекувањата за сезоната која е веќе започната.
Популарниот „тетовче“ се врати во својот омилен клуб, каде мина многу прекрасни моменти и рече дека тимот ќе се бори за успех до самиот крај.
„Се враќам во клубот кој многу ми даде во минатото. Чувствувам морална одговорност и морав да го направам ова. Како играч, од Вардар заминав директно во Германија. Тука ја освоив и последната титула. Немаме многу време за засилувања, можеби ќе доведеме уште еден или двајца играчи, но ветувам дека ќе се бориме до самиот крај“, изјави Васоски.
Вардар прилично лошо ја започна новата сезона во ПМФЛ. Досега „црвено-црните“ освоија само еден бод и запишаа два порази. Со новиот стручен штаб, навивачите очекуваат подобри изданија на нивните миленици и постепено стабилизирање на клубот.