Васкез поради бизарна повреда нема да биде на располагање на тренерот Зидан

Крилниот играч на Реал Мадрид, Лукас Васкез ќе мора на принудна пауза од фудбалот. Васкез претрпел повреда на тренинг во теретана, кога тег му паднал на ногата и му го скршил ножниот прст. 

Поради оваа ситуација не се знае колку Лукас ќе паузира, но најверојатно ќе ги пропушти дуелите против Реал Сосиедад, ПСЖ и Алавес од Примера и Лигата на шампионите. 

Инаку Васкез оваа сезона имаше повреда на мускулите, поради која не му беше на располагање на Зидан околу еден месец. Фудбалерот не е прва опција во нападот на Реал, а  оваа повреда можеби ќе биде пресудна тој да го напушти „кралскиот клуб". 

Шпанецот е член на Реал од 2015 година со 129 настапи и само 12 погодоци. Оваа сезона доби шанса девет пати, во главно од клупата и има по еден гол и асистенција. Играчот е склон кон повреди, а ако се соберат деновите на остсуства, тој досега пропуштил над три месеци фудбал во Мадрид.