Варшава влегува во друштво на Скопје, Атина, Хелсинки, Белфаст, Талин...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека Суперкупот на Европа ќе се игра во Полска.

Стадионот „Народови“ и Варшава ќе бидат домаќини на двата најдобри клуба во двете најдобри натпреварувања на УЕФА - Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Дуелот ќе се игра на овој стадион во 2024 година.

Датумот е 14 август, а стадионот кој ќе ги угости екипите има капацитет од 57.000 гледачи. Полска за првпат ќе биде домаќин на Суперкупот на УЕФА.

Варшава така влегува во друштво на Скопје, каде Суперкупот се играше во 2017 година, потоа Атина, Хелсинки, Белфаст, Талин , Баку...