Варгас заборави на фер-плеј: Голманот се повреди, а тој даде гол во празна мрежа (ВИДЕО)

Бизарна ситуација се случи на натпреварот меѓу Чиле и Боливија, кој заврши со гостински триумф (1-2) во квалификациите за следниот Мундијал. Откако Боливијците поведоа во 13. минута преку Алгараназ, потоа добро се бранеа сè до моментот кога Едуардо Варгас донесе израмнување пред паузата (1-1). 

Токму овој погодок предизвика бура реакции во јавноста. Имено, голманот на гостинската селекција Карлос Лампе при една вратена топка се повреди. Тој веднаш падна на тревникот и сигнализира до судијата мечот да се прекине. Топката заврши кај Едуардо Варгас кој го игнорира голманот, истрча до празната мрежа и погоди за 1-1. 

  • „Фер-плеј“ потегот на Едуардо Варгас против Боливија:

Играчите на Боливија со право беа лути и реагираа по овој гол. Иако не постои јасно правило кое вели дека Варгас мораше да запре, а ниту судијата не мора задолжително да ја запре играта - тука се работеше за фер-плеј. Кога некој фудбалер ќе се повреди, а посебно голман и тој ќе падне на тревникот, обично топката се исфрла во аут за да се укаже помош. 

Варгас не го направи тоа, голот си беше регуларен и Чиле израмни. Сепак, правдата беше задоволена преку Мигуелито кој во финишот на полувремето го постигна победоносниот гол за својата селекција (1-2).

Состави

Ricardo Gareca

4-4-2

    Oscar Villegas

    4-4-2