ВИДЕО: Варгас ја расипа забавата, Аргентина пак не ги совлада Чилеанците

Аргентина нема решение за чилеанскиот блок и вторпат во десетина дена нивниот дуел завршува без победник. На отворањето на А групата на Копа Америка, двете селекции кои играа финални натпревари на две од последните изданија на ова натпреварување одиграа 1-1 (1-0).

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот во Гојанија ќе се памети по прекрасниот гол на Меси од слободен удар во 32. минута, со кој „гаучоците“ поведоа со 1-0. Претходно, Клаудио Браво феноменално ги одбрани ударите на Николас Гонзалез. Кога се чинеше дека фаворитот заврши голема работа со раното водство, по еден час игра Чилеанците израмнија.

По една долга акција Чиленаците по интервенција на ВАР добија пенал. Видал по одбраната на Мартинез ја погоди стативата, а на одбиената топка натрча Едуардо Варгас и го матира Емилијано Мартинез (1-1). Аргентинците тргнаа во нови налети, Скалони ги внесе Ди Марија и Паласиос, подоцна и Агуеро и Анхел Кореа, но Чиле се одбрани и освои голем бод.

Во вториот натпревар од првото коло во оваа група, ноќва уште играат Боливија и Парагвај.

Состави

Лионел Скалони

4-3-3

    Martin Lasarte

    4-4-2