Вареловски: Се спремаме за да приредиме нова радост на македонскиот фудбал!

Покрај тренерот Мојсов на денешната прес-конференција на Тиквеш свое видување од двомечот со Брајдаблик даде и капитенот Александар Вареловски, кој истакна дека самиот настап во Европа е голема мотивација за фудбалерите.

„Мислам дека мотивацијата беше поголема со доза на стрес пред Kупот со Воска во финалето на Купот на Македонија, сега тренираме се спремаме за да приредиме нова радост на македонскиот фудбал особено на нашите сограѓани од Кавадарци. Спремни сме на предизвик и да уживаме. Анализата на противникот е добро направена како и самиот план на натпреварот“, кажа одличниот фудбалер на кавадарчани.

Тиквеш своето деби во натпреварувањата на УЕФА ќе го има в четврток, за кога е закажан дуелот со исландскиот тим.