Варди за Канте: Кога дојде во Лестер немаше автомобил, на тренинг доаѓаше со трчање! 

Францускиот репрезентативец Н'Голо Канте е познат како еден од најскромните ѕвезди во фудбалскиот свет, иако веќе неколку години заработува милиони како член на лондонски Челзи. 

Неговиот подем во кариерата започна во времето кога го носеше дресот на Лестер Сити, а Џејми Варди (тогашен соиграч), откри еден интересен детаљ кој само ја потврдува скромноста на Канте. 

„Тој е фино момче, но само надвор од теренот. На терен е вистинска закана за противникот, каде и да е топката тој се појавува од некаде. Се сеќавам кога дојде во Лестер, не сакаше да купи автомобил, затоа што планирал на тренинзите да доаѓа со трчање. И така превеше одреден период“, вели англискиот напаѓач. 

Канте и оваа сезона е незаменлив и е една од главните алки на Челзи на новиот менаџер Френк Лампард.